Финале за паметење: Германија по вторпат европски првак - не издржа големото турско срце!
Турција го почна натпреварот со неверојатна серија и поведе со 13-2, меѓутоа Германија се разбуди по лошиот старт и направи пресврт (24-22) до крај на првата четвртина.
Возбудувањата продолжија во вторите 10 минути, каде што Турците успеаја да ја вратат контролата, а со тоа и водството на паузата (46-40).
Драмата продолжи и во второто полувреме, при што двете екипи имаа добри фази, а Турција стигна до 67-66 на крајот на третата четвртина.
Турскиот состав набрзо поведе со 76-71, но потоа следеше кризата во нападот, а со тоа почна и да се губи сонот за првото злато на Евробаскетот, откако Германците со неверојатна завршница стигнаа до триумф од 88-83.
Најефикасен во составот на Турција беше Шенѓун со 28 поени, додека Охриѓанецот Чеди Осман постигна 23 поени. На спротивната страна блесна Бонга со 20 и Вагнер со 18 поени.
Фото: FIBA