Ѓоковиќ не може ни до тоалет да отиде без да го „нападнат“ фанови (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ со семејството извесен период живее во Атина, а синоќа присуствуваше на Дејвис куп пресметката меѓу Грција и Бразил во ОАКА арената.

Друштво му правеше синот Стефан, а српскиот ас не можеше да најде мир дури ни кога се обиде со него да отиде во тоалет. Пред вратата на тоалетот го пречека огромна група фанови кои се обидоа да стигнат до него, да се фотографираат или да добијат автограм.

Мораше да реагира обезбедувањето кое едвај ги спроведе Новак и син му назад до трибината на која беа сместени.