
Дарио Ивановски го освои 58. место на маратонот на Светското првенство во Токио (ВИДЕО)
Во исклучително тешки услови, тој истрча 2:26:31 што е далеку од неговото најдобро време (2:08:26) и го освои 58. место. На стартот се појавија 90 натпреварувачи, но само 66 го завршија маратонот што дава дополнителна тежина на резултатот на нашиот маратонец. Откако ја помина целната линија, тој уште еднаш ја покажа љубовта кон Македонија, бакнувајќи го знамето на неговиот дрес.
Триумфираше Алфонс Феликс Симбу од Танзација со време 2:09:48, второто место го освои Аманал Петрос од Германија, а бронзата отиде кај Илијас Ауани од Италија.