
Чекањето завршува, познато е кога Барселона се враќа на Камп Ноу!
Камп Ноу веќе подолго време се реновира, тој нема да биде готов во брзо време, но тимот ќе почне да игра таму, а капацитетот етапно да се зголемува.
Барселона и следниот натпревар ќе го игра на Јохан Кројф стадионот, тоа е дуелот против Хетафе, но потоа оди на Камп Ноу.
Против Реал Сосиедад (28 септември) во Ла Лига и ПСЖ (1 октомври) во Лигата на шампионите фудбалерите на Барса ќе играат на Камп Ноу.