Експресна победа на Алексовска на ММА спектаклот во Скопје (ВИДЕО)

Даниела Алексовска оствари триумф против Флочеа Алида од Молдавија уште во првата рунда на спектакуларниот настан „Армада 14“ кој се одржува во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Македонката во последната минута од првата рунда имаше одличен зафат против Флочеа, која не успеа да се извлече, па судијата мораше да ја прекине борбата и да ѝ ја додели победата на Алексовска.

Алексовска следната борба ја има на 27 септември, кога ќе ја претставува Македонија на Светското ММА првенство во Тбилиси.