Барселона се налути и со шест гола ја уништи Валенсија (ВИДЕО)

Актуелниот шпански шампион Барселона триумфира против Валенсија со убедливи 6-0 во четвртото коло од новата сезона во Ла Лига.

Избраниците на Ханси Флик ја преземаа контролата врз играта на самиот старт и го диктираа темпото на теренот, а до водство стигнаа со голот на Фермин Лопез во 29. минута.

Шоуто почна во вториот дел, кога Рафиња влезе од клупата и погоди за 2-0 во 53. минута, а набрзо стрелаше и Лопез по втор пат за предност од 3-0 на Барселона.

Валенсија делуваше изгубено на теренот, а тоа знаеше како да го искористи каталонскиот гигант, кој до крајот погоди уште еднаш преку Рафиња, а два гола постигна и Роберт Левандовски.

Standings provided by Sofascore