
Широки бријег беше пресилен: Нов пораз за Ристовски и Сараево
Широки бријег не ја контролираше играта, но знаеше како да ги искористи шансите. Најпрво преку Станиќ од пенал во осмата минута погоди за 1-0, а потоа зголеми на 2-0 пред крајот на првото полувреме.
Сараево преку Купресак успеа во четвртата минута од надополнувањето во првиот дел да намали на 1-2, но во второто полувреме не успеа да се спаси од нов пораз, иако половина час играше со фудбалер повеќе поради црвениот картон на Бајкуша.
Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски го одигра цел натпревар за Сараево и доби жолт картон во 78. минута.
Standings provided by Sofascore