Модриќ го даде првиот гол за Милан и му донесе три бода (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Милан ја запиша втората победа во Серија А оваа сезона, откако на домашен терен ја совлада Болоња со 1-0.

Милан не импресионираше во првото полувреме и само еден од ударите беше во рамките на голот на Болоња, по што „росонерите“ заиграа за нијанса подобро во вториот дел од натпреварот.

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ во 61. минута го постигна првиот гол за калчолигашот, а со тоа му обезбеди и нови три бода во Серија А.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/AC Milan