
Шредер МВП, во идеалната петорка немаше место за Јокиќ, Марканен, Осман...
Денис Шредер и Франц Вагнер од Германија се најдоа во идеалниот тим на Евробаскетот, а место меѓу најдобрите имаше и за Лука Дончиќ од Словенија, но и за Јанис Адетокумбо од Грција и Алперен Шенѓун од Турција.
Шредер беше прогласен и за најкорисен кошаркар на Евробаскетот, а интересно е тоа што во идеалната петорка немаше место за ѕвезди како Лаури Марканен, Никола Јокиќ, Џеди Осман и други.
Фото: FIBA