Јокиќ во втората најдобра петорка, индивидуални награди за Атаман, Бонга и Муринен

Синоќа во Рига заврши Европското кошаркарско првенство по што беа поделени индивидуалните награди и признанија.

Идеалната постава беше исполнета со суперѕвезди кои оставија длабока трага на шампионатот, но и во втората се најде место за некои од најдобрите на денешнината. Во неа е трикратниот освојувач на МВП наградата во НБА, Никола Јокиќ, а друштво му прават Џеди Осман, Лаури Марканен, Џордан Лојд, Никола Јокиќ и Дени Авдија.

Покрај Денис Шредер кој беше прогласен за МВП на Европското првенство, индивидуални награди добија уште Ергин Атаман, Исак Бонга и Мика Муринен.

Атаман беше прогласен за тренер на шампионатот иако на крајот не ја освои титулата. Веројатно исходот ќе беше поинаков ако Германија го имаше селекторот на клупата бидејќи Алекс Мумбру поради болест не беше при својот тим во првата фаза од првенството, а потоа му ја предаде палката на својот помошник.

Кошаркарот на Партизан е прогласен за дефанзивец на првенството што е делумна утеха за германскиот репрезентативец кој не беше вклучен во идеалната петорка, а имаше најголем придонес за триумфот во финалето каде блесна со 20 поени.

За ѕвезда во подем, односно најдобар млад кошаркар е прогласен финскиот репрезентативец Мика Муринен. Со оглед на тоа што има само 18 години, јасно е дека ова беше негово прво Европско првенство, но иднината му припаѓа нему.