Хаос во Суботица: „Делии“ ги нападнале „Гробари“ со палки и шипки (ВИДЕО)

Партизан триумфираше со 5-2 против Спартак Суботица во рамки на седмото коло од српската лига, но „Гробари“ биле непријатно изненадени од најголемите навивачки ривали „Делии“.

На познатата инстаграм страница „192_рс“ беше објавена снимка каде што може да се забележат голем број навивачи со палки, шипки и останати предмети.

Медиумот пишува дека се случила физичка пресметка меѓу двете страни, но засега нема повеќе детали.