Ливерпул не запира: Пристигнува стопер од Италија за 30 милиони евра

Aнглискиот шампион Ливерпул нема намера да застане со летните засилувања и последниот кој е договорен е Џовани Леони кој настапува во дресот на Парма.

Според информациите на Фабрицио Романо, Ливерпул постигнал договор за трансфер на 18-годишниот дефанзивец.

Екипата на Парма за трансферот на Леони ќе добие сума од 30 милиони евра. Претходно оваа лето Ливерпул ги доведе: Флоријан Вирц, Хуго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг и за нив потроши околу 300 милиони евра.

Леони во изминатата сезона како 17-годишик во дресот на Парма собра 17 настапи, но на 14 од нив беше стартер.