
Лапорта реши уште еден проблем: Едно засилување сигурно ја започнува сезоната!
Имено, Ла Лига го прифатила медицинскиот извештај кој Барселона го испратила за Тер-Штеген и потврдила дека повредата која ја има германскиот голман ќе го одалечи од терените подолго време.
Првично Тер Штеген одбиваше да го прифати извештајот, но подоцна успеа да пронајде согласност со Барселона, па потоа истиот бил проверен од официјалните лица во Ла Лига.
„Барселона информира дека комисијата на Ла Лига оцени дека поведата на голманот Марк-Андре Тер Штеген ги исполнува критериумите за долгорочна повреда според важечките прописи. Клубот уште веднаш ќе започне со процесот на регистрација“, објави Барселона.
По ова се очекува Гарсија да биде подготвен за натпреварот против Мајорка, а во наредниот период клубот ќе се обиде да пронајде начин и да го регистрира Маркус Рашфорд.