Олимпиец станал нарко-бос – го бара и ФБИ за убиства и тешки дела!

Поранешниот олимписки сноубордер, Рајан Џејмс Вединг се најде на листата на најбарани бегалци на ФБИ.

Имено, Вединг во септември минатата година беше обвинет дека заедно со уште 15 лица дилал кокаин во вредност од милијарда долари. Познат бил под прекарите „Ел Џефи“ и „Јавен непријател“. Најголемиот спортски успех го постигна во 2002 година кога настапи на Зимските олимписки игри.

Според информациите се крие во Мексико, но во меѓувреме направил естетски операции, па така воопшто не наликува на поранешниот спортист. Во бегство е од 2015 година, кога првпат беше осомничен за увоз на кокаин во Канада. Тогаш полицијата го поврзуваше и со четири убиства.

Во април 2024 година неговиот криминален соработник, Ендрју Кларк платил пари, наводно 100.000 долари за да биде убиен Ренди Фадер. Неговата мисија била неуспешна зато што платениот убиец бил уапсен во Торонто две недели подоцна, а Клрк во Мексико.

Вединг и понатаму е на слобода и обвинет за осум тешки казнени дела, вклучувајќи и три убиства.