Проблем за Лапорта, Меси ќе агитира против него на следните избори!

Според дел од шпанските медиуми, Лео Меси е подготвен да поддржи кандидат за претседател на Барселона кој ќе го симне Жоан Лапорта од челната позиција на клубот.

Претседателските избори во Барселона треба да се случат наредната година (2026), а Меси е подготвен да се активира против Лапорта.

Но, Меси би го направил тоа само ако опозицијата има кандидат кој би имал вистински шанси да го победи актуелниот претседател.

Меси се чувствува предадено од Лапорта кој му ветил дека ќе му го продолжи договорот во 2021 година, а потоа во последен момент ја променил одлуката по што Лео ја напушти Барселона како слободен играч.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека има групи кои работат да обединат поголема опозиција против Лапорта и се стремат да ја добијат поддршка од Меси која би била огромен плус за нивниот кандидат.