 
  Шкендија ја освои Струмица, Брера долго ќе жали што не освои барем бод (ВИДЕО)
Тетовци одиграа ефикасно во нападот, но повторно покажаа нестабилност во одбраната, што мора да се поправи пред претстојниот европски дуел со Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА. Фитон Адеми го отвори резултатот во 12. минута по почетничката грешка на домашниот голман Илоски, а Ване Крстевски зголеми на 2-0 во 27. минута. Брера намали преку Ндезенге, но Красниќи повторно донесе предност од два гола за гостите. Ндезенге потоа промаши пенал, но се исправи со втор погодок за конечни 2-3.
Домаќините во последните минути имаа уште две големи шанси за израмнување, но Шкендија успеа да ја сочува предноста. Составот од Тетово останува на третата позиција на табелата по 11 кола, но сега со 24 бодови, колку што има и Вардар со меч помалку, вечерашниот против Силекс (17 часот). Лидер е Струга со 26 бодови, додека Брера останува на шестата позиција со 15 бодови.