Синер рутински до полуфинале во Париз, сигурно чекори кон првото место на АТП
Синер стигна до лесна победа од 2-0 во сетови (6-3, 6-3), во меч кој траеше само еден час и десет минути.
Со оваа рутинска победа, Синер обезбеди место во полуфиналето, каде што 'ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Данил Медведев и Александер Зверев.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Феликс Оже-Алиасим и Александер Бублик, а Синер има голема шанса со освојување на турнирот повторно да го преземе првото место на АТП-листата.
Имено, доколку Италијанецот стигне до трофејот, од понеделник ќе има 11.500 бодови и ќе стане број еден во светот, бидејќи Карлос Алкараз доживеа рана елиминација во Париз и ќе остане со 11.250 бодови.
Фото: EPA