Драма на арената: Вардар со гол од пенал во 100. минута го доби Силекс! (ФОТО+ВИДЕО)
Вардар со дополнителен мотив во од победата против Шкендија во Тетово во минатото коло тргна офанзивно од почетокот и многу брзо да таквата игра им се исплатеше.
Омерагиќ се најде во одлична прилика во деветтата минута и реагираше одлично совладувајќи го голманот на кратовчани за 1-0. За напаѓачот на Вардар ова беше трет гол од стартот на сезоната.
Сепак, Силекс не се откажа по тој примен гол и многу брзо дојде до израмнуваање. Хрвановиќ доби една одлична топка во шеснаесетникот, шутираше, а Талески немаше шанса да интевенира.
Во продолжение и двете екипи имаа свои прилики, Вардар најчесто се закануваше преку Роџерс Мато кој немаше свој ден и пропушти неколку идеални прилики да се запише во листата на стрелци oд игра. Сепак, токму Мато беше херојот кој погоди во 100. минута од пенал кој беше досуден по реакција на ВАР.
Силекс пред пеналот во финишот остана и со фудбалер помалку откако голманот Џеков заработи директен црвен картон.
За Вардар ова е втора победа во низа во дерби натпреварите откако во минатото коло ја совлада Шкендија со 1-0 во Тетово, а во следното коло го чека и уште едно дерби против Пелистер во Битола. додека Силекс ќе патува во Струмица на дуел со Брера.




