„Салах веќе три години не е во форма, Ливерпул има проблем“

Пoранешниот напаѓач на Ливерпул, Емил Хески испрати критики за Мохамед Салах, велејќи дека Египќанецот веќе три години има пад во формат.

Според Хески тоа е неизбежен процес и предупреди дeка кога Салах кој има 33 години не е во форма, Ливерпул изгледа како да игра со играчк помалку.

„Дефинитивно е надвор од форма. Секој кој ќе наполни 30 години покажува пад во формата. За мене тоа не е ништо ново. Не ме изненадува, трае веќе две или три сезони“, изјави Хески.

Сепак, додаде Хески и дека Салах е опасеен и кога не е во форма.

„Тоа понекогаш е проблем со него. Тешко е на менаџерот, бидејќи секогаш ссака даа го остави на теренот бидејќи е закана, но додека го нема, Ливерпул изгледа како со десет фудбалери“, истакна Хески.

Ќе потсетиме, Ливерпул во последниот период игра во очајна форма во Премиер лигата и е во серија од четири порази  во низа, а Салах постигна само три гола што е во најмала рака скромно за играч со негови квалитети.