Раул Гонзалес дебитираше со пораз на клупата на српската репрезентација

Словенија ја победи Србија во Лозница со 35-34 во дуелот на „вторите“ екипи на овие репрезентации.

Словенечкиот селектор правеше експерименти пред претстојното Европско првенство, но Раул Гонзалес, кој денеска дебитираше на клупската на српската селекција, не можеше да смета на 15 ракометари кои веројатно би се нашле на неговиот список. Во такви услови, Србите водеа безмалку цело прво полувреме и на голем одмор заминаа со предност од 18-16.

На почетокот од вториот дел предноста се искачи на четири разлика (21-17), но по неколкуте грешки, Словенија направи пресврт и во 50. минута поведе со 28-27. Победникот не беше познат до крајот, а клучниот погодок го постигна Блаж Јанц на осум секунди пред крајот, од центар и на празен гол.

Ракометарот на Пелистер, Нејц Цехте, заедно со Јанц, беше најефикасен во словенечката репрезентација со шест гола, исто колку што постигна Митровиќ за Србија.