Одлуките на Вардар - Силекс биле спорни, но - исправни! (ВИДЕО)
Веднаш по натпреварот се огласија од Судиската комисија на ФФМ од каде што потврдија дека на дербито имало две спорни одлуки во кои судиите донеле исправни одлуки.
Првата беше во 85. минута кога голманот Џеков направи прекршок надвор од шеснаестникот и со двете раце го задржа напаѓачот на Вардар.
„Без дилема очигледен прекршок, при што во тој момент голот на гостинската екипа е празен (небранет), а голманот нема можност да интервенира. Главниот судија има целосна контрола и добро ја антиципира ситуацијата по што покажува директен црвен картон за гостинскиот голман, правилно“, стои во анализата на ФФМ.

Втората ситуаија е токму пеналот кој Вардар го доби по реакција од ВАР.
„Главниот судија има блокирано видно поле поради поставеноста на играчите и природно не може да види игра со рака од гостинскиот одбранбен играч при една високо нафрлена топка во казнениот простор. ВАР судиите правилно интервенираат и по преглед на снимка на терен од страна на главниот судија е досуден пенал за домашната екипа поради играта со рака која во моментот на контактот е во неприродна положба, одвоена од телото во висина на рамото, одбранбениот играч со ваквото неприродно движење на раката презема ризик. Пенал без дисциплинска мерка е правилна судиска одлука.
Судискиот одбор ја потврдува исправноста на двете клучни одлуки на натпреварот“, објаснуваат од ФФМ.