Шок во Барса: Јамал има хронична повреда која може да го следи до – крајот на животот!

Големата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, повторно се соочува со проблеми со препоните, што предизвикува сериозна загриженост во таборот на каталонскиот гигант.

Според шпанските медиуми, 18-годишниот офанзивец има хронична повреда позната како пубалгија – воспаление на мускулите во пределот на препоните кое често бара подолга рехабилитација. Тој почувствувал болки за време на „Ел Класико“ против Реал Мадрид, натпревар што Барселона го загуби (1-2). Неговото видливо поткривнување и ограничено движење предизвикаа сомнеж дека проблемот е посериозен од претходно очекуваното. Оваа сезона веќе пропушти пет натпревари поради истата повреда, а лекарскиот тим стравува дека состојбата може да стане хронична, односно да го следи до крајот на животот.

Проблемот со пубалгија не е нов во светот на фудбалот – со слични маки се соочуваше и Лионел Меси на почетокот од својата кариера. Аргентинецот во 2019 година призна дека оваа повреда го исцрпувала физички и психички, додавајќи дека „не се решава преку ноќ“. И покрај болките, Јамал продолжува да игра на високо ниво. Во Ла Лига сезонава има постигнато два гола и запишано пет асистенции, а во Лигата на шампионите беше стрелец во убедливата победа над Олимпијакос (6-1).

Младиот талент, кој дебитираше за Барселона на само 15 години, веќе има освоено две титули во шпанското првенство, Куп на кралот и Суперкуп. Летово триумфираше и со репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство 2024, а неодамна заврши втор во изборот за „Златна топка“ зад Усман Дембеле.

ФОТО: EPA PHOTO