Нови детали за скандалот кој ја тресе Турција: Суспендирани 149 судии
Според резултатите од интерната истрга како што беше објавено претходно од 571 судија дури 371 имале отворен профил на страни за обложување, а 152 од нив активно се обложувале.
Помеѓу нив има 22 судии кои воделе натпревари од најсилната турска лига, седум биле главни и 15 помошни.
„Судењето е чесна работа и секој кој ќе фрла дамка веќе никогаш нема да биде дел од турскиот фудбал“, порача претседателот на Фудбалскиот сојуз на Турција, Ибрахим Хачиосманоглу.
Исто така беше објавено дека десетмина судии имале повеќе од 10.000 уплати, а 42 најмалку 1.000.
Фото: Galatasaray