РФМ подготвена за утрешниот спектакл – се бираат најдобрите во 14 категории!

Челниците на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопштија дека е веќе сè подготвено за утрешниот спектакл – свечената манифестација „Ракометари на Македонија“, што ќе се одржи во еден од скопските хотели.

Ова престижно ракометно случување, по подолга пауза, повторно се враќа на домашната сцена, со цел да им оддаде признание на најдобрите ракометари, ракометарки, тренери и клубови во земјата. Најавата е дека ќе бидат доделени награди во 14 различни категории. На свеченоста се очекува присуство на бројни ракометни легенди, актуелни играчи, спортски работници, спонзори и медиуми.

Манифестацијата ќе ја отворат претседателот на РФМ, Александар Стефанов, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски.