Eкс-тренер на Шкупи и Шкендија ќе ја спасува Тирана!

Поранешниот тренер на Шкендија и Шкупи Ардијан Нухиу пронајде нов ангажман и ќе ја предводи екипата на Тирана од Албанија каде што пристигнува на местото на Италијанецот Роберто Бордин.

Италијанскиот стратег беше отуштен по серијата слаби резултати, а клубот одлучи довербата да му ја дае токму на Нухиу.

Последниот ангажман на Нухиу беше во косовската Дрита и тоа беше неговиот единствен ангажман како главен тренер покрај работата во домашното првенство во Шкендија и Шкупи.

Тирана ја презема во момент кога тимот се наоѓа на деветтото, претпоследно место на табелата со само бод повеќе од Фламуртари.