Пред девет месеци за малку ќе умреше, а денеска почна пак да дава голови (ВИДЕО)

Раул Хименез пред девет месеци имаше ужасен натпревар против Арсенал, кога се судри со Давид Луиз и заработи сериозна повреда поради која можеше да го загуби животот.

Напаѓачот веднаш беше префрлен во болница, каде што беше откриено внатрешно крварење, а операцијата на главата му го спаси животот.

Неговата рехабилитација траеше многу долго и го пропушти остатокот од сезоната, но ова лето почна пак да игра и на пријателскиот меч против Стоук го даде првиот гол по тешката повреда.

„Беше многу тешко и не можам да се сетам што се случи. Се сеќавам само дека се разбудив во болница по операција. За среќа ми помогна девојката. На неа ѝ беше најтешко“, вели Хименез.