Познато е кога ќе биде официјалната промоција на Елмас во Наполи

Елиф Елмас синоќа му се приклучи на Наполи на подготовките, а денеска се очекува да биде присутен и на првиот тренинг на неговиот нов клуб. 

Инфромациите во италијанските медиуми, велат дека Елмас утре и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на италијанскиот вицешампион на прес-конференција. 

Младиот фудбалер ја даде и првата изјава за италијанските медиуми откако вчера пристигна во Италија. 

„Пресреќен сум што ќе играм во Наполи. Ова е мојата голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам“, се првите зборови на македонскиот репрезентативец како фудбалер на Наполи, пишува „Кориере дело спорт“.