Порано пееше песни против Реал, а сега вели - Хала Мадрид! (ВИДЕО)

Тибо Куртоа од синоќа е нов голман на екипата на Реал Мадрид, откако се пресели од редовите на Челси за сум од 35 милиони евра. 

Нема сомнение дека „кралевите“ сега помеѓу стативите имаат еден од најдобрите голмани на светот. Белгиецот на социјалните мрежи веднаш напиша, „Хала Мадрид“, но некои од навивачите не можат да му ги заборават гревовите од минатото.

Куртоа од 2011 до 2014 година бранеше на голот на Атлетико Мадрид и освои една титула во Ла Лига, Кралскиот Куп и Лигата на Европа. Кога „атлети“ го освоија шпанскиот Куп во 2013 година во финалето го совладаа Реал Мадрид. На славеничката парада Тибо Куртоа го зема микрофонот и пееше песна против Реал Мадрид со навредливи зборови.

Навивачите на Реал Мадрид сигурно нема да бидат воодушени од ова.