„Плачам секој ден за Астори, тешко ми е, но ќе одам да му кажам - збогум“

Италијанскиот гигант Јувентус вчера стигна до сензационална победа и практично во три минути успеа да го победи ривалот Тотнем во Лигата на шампиони.

Откако „старата дама“ се пласираше во четврт-финале, Кјелини се „скрши“ пред камерите, па призна дека му недосига капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

„Плачев многу пати откако умре. Последните денови постојано ми е во мислите. Тешко е да се посветат мислите само на него зашто мора да бидам сконцентриран на натпреварот и противникот. Сепак, не само што му го посветивме овој меч, туку секој момент од овој ден. Не е лесно и утре ќе одам последен пат да се збогувам со него. Тешко е, но мора да продолжиме да живееме без него“, вели Кјелини.