Петта победа по ред: Ранетиот Јувентус не попушта во битката за Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус минимално, но крајно заслужено дојдоа до нови три бода во Серија, откако на домашен терен ја совладаа Верона (1-0), со што ја продолжија битката за излез во Европа следната сезона и покрај казната од 15 бода што ја добија поради финансиски малверзации.

Моис Кин е јунакот во таборот на „бјанконерите“, со оглед што го постигна победничкиот погодок во 56. минута. Ова беше петти триумф за Јуве во домашното првенство и во Лига Европа, со што само ја потврдија одличната форма.

Тимот од Торино со 44 бодови останува на седмата позиција, но сега со три бода помалку од Рома, која е на последното место кое води во Европа, а која има и натпревар помалку.