Перез се откажа од најбараниот дефанзивец - не сака да плати 58 милиони евра!

Реал Мадрид беше еден од конкурентите за потписот на Дин Хујсен, кој е еден од најбараните дефанзивци во Европа, меѓутоа шпанскиот гигант очигледно испаднал од конкуренција поради претседателот Флорентино Перез.

Перез не сака да троши премногу пари на засилувања, како што беше во случајот на Лени Јоро кој потпиша за Манчестер јунајтед, па наводно се откажал од Хујсен затоа што треба да плати 58 милиони евра.

Хујсен нема да тагува поради тоа што „кралевите“ се откажаа затоа што за неговиот потпис се заинтересирани Челси, Ливерпул и Баерн Минхен.

Фото: EPA PHOTO