
Пеп му се заканува на Сити: Ќе си одам ако имам многу фудбалери!
Манчестер Сити важи за тим кој има најширок состав во Премиер лигата, па често фудбалери кои чинат и преку 30 милиони евра не можат да дојдат ниту до клупата за резерви.
Гвардиола вели дека му е тешко да ги остава играчите на трибините, па сака за следната сезона да има помал тим.
„Не сакам да имам состав од 24, 25, 26... фудбалери кога секој е фит. Му кажав на клубот дека не го сакам тоа. Ако имаме повреди, несреќа! Ќе имаме некои играчи од академијата, ќе промовираме фудбалери од таму“, вели Пеп.
„Направете го составот пократок и ќе останам, ако не ќе заминам. Тешко ми е на душата кога некој треба да оди на трибини. Тоа во наредната сезона не смее да биде така“.