Чичко Дончо со поддршка за вардарци пред финалето во Купот против Струга

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва од 20 часот ќе се соочи против поранешниот шампион Струга во финалето на Купот на Македонија, а пред дуелот стигна легендата на скопскиот тим, Андон Дончевски.

Поранешниот фудбалер на „црвено-црните“ ги посети играчите во тренинг-кампот и им даде поддршка пред финалниот меч против Струга.

Вардарци пет пати го имаат кренато големиот пехар од Купот на Македонија, но последен пат тоа се случило пред дури 18 години. За разлика од „црвено-црните“, Струга никогаш му се нема израдувано на овој трофеј,

Натпреварот меѓу Вардар и Струга е закажан вечерва од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“.