Роналдо се враќа на „големата сцена“ - добил повик да игра на клупското СП!?

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да настапи на Светското првенство (СП) за клубови, откако добил понуда од мароканскиот тим Видад Казабланка.

Шпанските медиуми пишуваат дека Роналдо би можел да се пресели на позајмица во Видад за да настапи на клупското СП, по што повторно би се вратил во Ал-Наср.

Роналдо оваа сезона настапи на 39 натпревари, при што постигна 33 голови и четири асистенции, со што беше еден од најдобрите фудбалери во дресот на саудискиот тим.

Светското клупско првенство ќе се одржи во период од 14 јуни до 13 јули, а на истото ќе настапат 32 тимови.

Фото: Facebook/Al-Nassr FC