![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2022/02/06/168138-pekolen-start-karasko-brzo-ja-nachna-barsa-alba-vrati-so-majstorija-za-pametenje-video.jpg?itok=chzJXtS2)
Пеколен старт: Караско брзо ја начна Барса, Алба врати со – волеј за паметење (ВИДЕО)
Караско во осмата минута одлично заврши една акција на своите соиграчи, но радоста на шампионот траеше само три минути.
Тогаш на сцена стапи Жорди Алба, кој со фантастичен волеј-удар мајсториски го надмудри Јан Облак за да го врати својот тим на ист број голови како и противникот.
Пеколот на „Камп Ноу“ да продолжи во ист стил се погрижи Гави десетина минути подоцна, со гол со глава по одличен центаршут на новодојдениот Адама Траоре, за целосен пресврт на домашниот тим, односно за водство 2-1.