Рамос го повика Модриќ да потпише за Монтереј

Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос неодамна потпиша договор со Монтереј од Мексико, а сега го покани Хрватот Лука Модриќ да се пресели во неговиот тим.

Рамос, по промоцијата во новиот клуб, одговараше на прашања од навивачите и откри кого би сакал да види во Монтереј.

„Модриќ би бил одлично засилување за следната сезона“, кажа Рамос.