Познати се замените за Дејвис и Адетокумбо за олстар-викендот!

Олстар-викендот е закажан во период од 14 до 16 февруари, а пред истиот беа направени две големи замени.

Јанис Адетокумбо и Ентони Дејвис отпаднаа од конкуренција за олстар спектаклот поради тоа што се повредија, а на нивно место беа повикани Тре Јанг и Кајри Ирвинг.

Ирвинг по деветти пат е избран за олстар-викендот во кариерата, а во 2014 година беше избран и за МВП.