Ливерпул планира да го замени Салах со 21-годишен Французин!?

Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул го губи трпението со Мохамед Салах затоа што сè уште не договориле нова соработка, па поради тоа премиерлигашот планира да ангажира негова замена.

Ливерпул наводно планирал да го замени Салах со 21-годишниот фудбалер на Ница, Мохамед-Али Чо кој е еден од најдобрите млади играчи во Франција.

Чо постигна пет голови и три асистенции во 25 меча за Ница досега, а неговата вредност во моментов се проценува на 12 милиони евра.