EХФ потсети на голгетерската битка на Хансен и Лазаров - заедно постигнаа 25 гола! (ВИДЕО)

Eвропската ракометна федерација со објава на социјалните мрежи денеска потсети на натпреварот помеѓу Македонија и Данска на Европското првенство во 2012 година.

Во тој натпревар Македонија загуби со 33-32 со гол во последната секунда, а средбата ќе остане запаметена и по тоа што Кире Лазаров и Микел Хансен комбинирано постигнаа дури 25 голови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by EHF EURO (@ehfeuro)

Лазаров натпреварот го заврши со 13 гола, додека Хансен имаше еден помалку.

Македонија беше блиску и до победа во тој натпревар, Лазаров ја погоди стативата во последниот напад, а Данците организираа контра во неколку секунди и постигнаа гол за победа.