Селекторот го објави списокот, на него Шортс и Димитријевиќ, а го нема Дамјан Стојановски

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски објави поширок список од 16 играчи од кои ќе ги избере финалните 12 кои ќе настапат против Естонија и Полска, во последните, клучни натпревари од квалификациите за Европското првенство.

Со оглед на тоа што поради квалификациите има пауза во Евролигата, на списокот се двајцата македонски кошаркари кои настапуваат во елитното натпреварување Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс. За Нено нема дилеми дека ќе настапи на двата меча, додека ситуацијата со Шортс е неизвесна до почетокот на подготовките.

Во составот го нема Дамјан Стојановски кој играше во ноемвриските дуели против Литванија. Тука е неговиот брат Војдан, а фигурира и името на Итан Хап иако тој од октомври е надвор од тимот на Валенсија поради повреда.

Мини-подготовките на репрезентацијата стартуваат на 17 февруари во 18 часот во СРЦ Кале, натпреварот против Естонија се игра на 21 февруари во Талин, а три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Полска.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски - МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко - МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков - МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски - Работнички
Дамјан Робев - Работнички
Виктор Ефремовски - Работнички
Андреј Шошкиќ - Работнички
Теодор Симиќ - Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано
Лејсон Зеќири - Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо Бафалос
Итан Хап – Валенсија
Ти Џеј Шортс – Париз