Ријад домаќин на првите Олимписки игри во Еспорт

Првите Олимписки игри во Еспорт ќе бидат одржани во Ријад во Саудиска Арабија во 2027 година, објави Меѓународниот олимписки одбор.

Објавата пстигнува два дена откако претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет, Томаш Бах го посети саудискиот престолонаследник, Мохамед Бин Салман и министерот за спорт Абдулазиз Бин Турки.

Олимписките игри првично требаше да се одржат оваа година, но одложени се за две години со цел се да биде организирано на најдобар можен начин.