Стартува нокаут фазата во ЛШ: За еден гигант европската сезона прерано ќе заврши!

Вечерва со плеј-оф натпреварите за место во осминафиналето започнува нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Лигата на шампионите сезонава за првпат се игра во нов формат и првиот дел беше лигашки систем кој донесе многу возбудувања, а на крајот и изненадувања.

Фаворитите не поминаа така лесно и помалите клубови добија поголема шанса за успех. Екипите кои завршија од 9-тото до 24-то место сега ги чека плеј-фот за место во осминафиналето каде што веќе се првите осум екипи.

Најголемо внимание од вечерашните натпревари привлекува натпреварот помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид кои во изминатите често се среќаваа и понудија натпревари за паметење. Во последните шест сезони двата европски гиганти се сретнале пет пат.

Кога е Реал Мадрид во прашање интересно е што „кралевите“ секогаш кога ќе ги елиминираше „граѓаните“ станувале европски шампиони и тоа се случило три пати (2016, 2022 и 2024 година).

Покрај овој дуел кој ќе биде во центарот на вниманието вечерва од 21:00 часот играат уште Спортинг – Борусија Дортмунд и Јувентус – ПСВ, додека во првиот термин од 18:45 часот закажана е француската пресметка помеѓу Брест и Пари Сен Жермен.

Утре на програмата се уште четири натпревари: Клуб Бриж – Аталанта, Монако- Бенфика, Селтик – Баерн и Феенорд – Милан.

Ќе потсетиме, место во осминафиналето обезбедија: Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Интер, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.