Започнува „чистка“ во Арсенал: Познат новиот клуб на Жоржињо

Фудбалерот од среднот ред на Арсенал, Жоржињо, ќе го напушти Лондон на крајот на актуелната сезона.

Жоржињо е помеѓу фудбалерите кои сигурно ќе заминат од „Емирати“ бидејќи неговиот договор истекува на 30 јуни и клубот нема намера да го продолжи.

Според последните најави Жоржињо е блиску до договор и со новиот клуб. Наводно, тој наскоро ќе потпиша преддоговор со бразилскиот Фламенго.

Иако настапуваше за Италија, Жоржињо е роден во Бразил и негова голема желба била да заигра во татковината каде што живеел до својата 15-та година.

Кариерата Жоржињо ја започна во Верона, а потоа го носеше дресот уште на: Самбоналфашче, Наполи и Челси.