Аморим ќе прави ремонт на нападот на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед оваа сезона има катастрофални резултати, а тренерот Рубен Аморим веќе има план за следното лето и во истиот е вклучен ремонт на нападот.

Англиските медиуми пишуваат дека Аморим е подготвен да се откаже од Расмус Хојлунд, кој најверојатно ќе се пресели во Јувентус.

Хојлунд има договор до 2028 година, но не ги исполни очекувањата на „ѓаволите“ и поради тоа е на праг да замине од тимот, а како негова замена Аморим го сака Виктор Ѓокереш, но ќе има голема конкуренција за неговиот потпис.