Брера промовираше и засилување во дефанзивата од БиХ

Неколку часа откако објави за ангажманот на Хаџи Драме од Мали, Брера објави дека се засилува и со босанскиот стопер Драган Билбија.

Се работи за фудбалер кој настапувал и во младата репрезентација на БиХ до 19 години.

„Босанскиот стопер Драган Билбија е ново име во тимот на Тони Атанасов за пролетниот предизвик во Првата лига во земјава. 22 годишниот Билбија веќе се приклучи на тимот и  очекуваме по есенската пауза да има одлични партии во зелено црниот дрес во вториот дел од сезоната во Македонија.
Драган има играно во Радички Срем но и во родниот Приједор за тамошниот клуб Рудар а беше дел и од младинската репрезентација на Босна и Херцеговина до 19 години“, стои во соопштението на Струмичкиот клуб.