Реал со гол во 92. минута го победи Сити среде Манчестер! (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа спектакуларен натпревар кој го доби кралскиот клуб со 3-2 благодарение на гол на Белингем во 92. минута.

Манчестер Сити двапати водеше, но на крајот беше поразен, Реал Мадрид направи крупен чекор кон осминафиналето.

Мечот беше отворен во 19. минута кога Халанд даде гол по асистенција од Гвардиол, тоа беше единствениот погодок во првиот дел.

По 15 минути игра во второто полувреме Мбапе даде гол за израмнување на 1-1.

Тој резултат беше актуелен до 80. минута кога Халанд даде нов гол, овојпат од пенал за водство на Сити од 2-1.

Во 86. минута Брахим Дијаз изедначи на 2-2, а Белингем во 92. минута погоди за комплетен пресврт и победа на Реал Мадрид од 3-2.

Јувентус со 2-1 го победи ПСВ во Торино и со предност од еден гол ќе патува во Ајндховен.

Јуве погоди со гол на Мекени во 34. минута, тоа беше резултатот од првото полувреме.

По десетина минути игра во вториот дел Перишиќ израмни на 1-1, но Јуве сепак успеа да победи и тоа со гол на Мбангула во 82. минута.

Борусија Дортмунд со едната нога е во осминафиналето откако со убедливи 3-0 го победи Спортинг во Лисабон.

На овој меч мрежите мируваа еден час, а тогаш Гуираси даде гол со глава за водство на Дортмунд од 1-0.

Осум минути подоцна Паскал Грос зголеми на 2-0, а Адејеми во 82. минута ги постави конечните 3-0 за Борусија Дортмунд.