ПСЖ почнал преговори со една од најголемите ѕвезди на Реал!?

Францускиот гигант ПСЖ планира да ангажира уште едно големо засилување во текот на следното лето, а изборот паднал на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.

Винисиус неодамна ја одбил понудата на „кралевите“ за нова соработка, откако претходно се шпекулираше дека тим од Саудиска Арабија планира да му понуди голема плата, но сега во трката се вклучи и ПСЖ.

Шпанските медиуми пишуваат дека парижаните веќе разговарале со менаџерот на бразилскиот фудбалер, а доколку се договорат, тогаш ПСЖ ќе испрати официјална понуда и до Мадрид.

Бразилецот има договор со „кралскиот клуб“ до 2027 година, а досега за Реал одигра 294 меча, при што постигна 101 гол и 83 асистенции.