Палмер се врати и беше најдобар на мечот - има порака до фановите!
Тој го отвори резултатот на натпреварот меѓу Челси и Евертон кој заврши 2-0, а покрај голот и севкупно беше одличен на теренот, па заслужено го доби признанието.
Но, Палмер вели дека најдоброто од него допрва ќе дојде и ќе станува се подобар и подобар.
„Не би рекол дека сум на моето најдобро ниво. Уште се справувам со една повреда. Се надевам дека ќе бидам подобар и подобар, но има уште малку“, вели Палмер.
„Ситуацијата станува подобра. Но мора да бидеме претпазливи“.