Moдриќ многу порано можел да дојде во Италија, бирократски проблеми го спречиле трансферот
Сега во интервју за „Ла Стампа“, поранешниот директор на Наполи, Пјерпаоло Марино призна дека жали што не успеал да го доведе Модриќ кога го забележал неговиот талент на почетоците од неговата кариера кога Лука беше член на Динамо.
„Тогаш не беше познат и ја почнуваше својата кариера. Сакав да го доведам вво Наполи, но на крајот бирократските проблеми го спречија трансферот“, изјави Марино.
Директорска функција во Наполи, Марино имаше од 2004 до 2009 година и токму тој го доведе Марек Хамшик кој подоцна стана една од најголемите легенди на клубот.