Франција не ја одбрани титулата, ама дома се враќа со медал
„Триколорките“ не успеаја да ја одбранат титулата освоена пред две години, но сепак дома ќе се вратат со одличје откако денеска го совладаа ко-домаќинот Холандија со 33-31, по продолженија. Мечот беше максимално израмнет, ниедна од репрезентациите немаше поголема предност од три разлика, а во повеќе наврати резултатот беше изедначен.
Холанѓанките ја испуштија својата шанса во второто полувреме во кое имаше и три гола предност, но не само што не ја задржаа, туку Франција можеше да дојде до победата во основните 60 минути. Домаќинките, сепак, се изборија за продолженија во кои Франција доминираше и на крајот дојде до триумфот осми медал на светските првенства, а прв бронзен.
Сара Буктит со девет гола беше најефикасен играч на натпреварот, а во холандската репрезентација, Ван Ветеринг, Маршалкерверд и Малестин постигнаа по шест.